НЕ! На онлајн екстремизмот и радикализацијата

Во организација на ИМОР – Интернационалната мрежа за образовни ресурси, на 14.09.2019 год., се одржа координативен состанок со претставници од училиштата, вклучени во првата фаза на проектот. По воведниот збор од претставниците на ИМОР, се претставија и другите учесници , присутните претставници од училиштата, наставник и ученик од ОУ „Климент Охридски“, ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола, ОУ „Крсте П. Мисирков“ Бистрица, ОУ „Коле Канински“, Гимназија „Јосип Броз Тито“, средното медицинско училиште “Др.Јован Калаузи“ ,средно стручно училиште „Коле Нехтенин“ од Штип и Гостивар. Од нашето училиште присуствуваа наставничката по информатика Оливера Шиклеска-Грозданова и ученичката Михаела Ставревска, од 8-2 одделение. На состанокот се дискутираа планираните активности во втората фаза и беа дадени насоки како ќе се одвиваат активностите во наредниот период.

Advertisements

Свечена приредба за првачињта!

Со пригодна приредба на 2ри Септември 2019 год., во нашето училиште се означи почетокот на Новата учебна 2019/2020 год. Највозбудени беа секако првачињата, на кои им посакуваме успех во нивното школување.Среќно на сите ученици и на сите наставници и вработени во училиштето!

This slideshow requires JavaScript.

Одбележан Патрониот празник на Училиштето

Со дводневна програма на 4-ти и 5-ти Април нашето училиште го одбележа Патрониот празник на училиштето. Првиот ден се одиграа спортските натпревари и се реализираа еколошки активности, а вториот ден се одржа Историско час и пригодна приредба со музичко-сценски перформанс на здоволство на сите ученици, родители, наставници и гости. Исто така беа доделени благодарници за организации и пофалници за ученици кои биле наградени на училишните натпревари и активно учествувале во воннаставни активности.

This slideshow requires JavaScript.

Работилница-НЕ! на онлајн ектремизам и радикализацијата

На 30-ти и 31-ви Март 2019 год. во организација на ИМОР Интерактивна мрежа за образование и ресурси, во хотел Капри, Битола се одржа работилница на тема Не! На екстремизмот и радикализацијата проект поддржан од УНЕСКО. На оваа работилница од нашето ушилиште зедоа учество наставничката по англиски јазик Билјана Темелкова, наставничката по информатика Оливера Шиклеска-Грозданова и ученичките од IX-то одделение Тамара Талевска, Бисера Стефановска и Михаела Петковска. Присутни беа наставници и ученици од основни и средни училишта од Битола, Прилеп, Штип и Неготино.
На работилницата се обрати експертот Јako Du Toit висок претставник на УНЕСКО од Париз, кој зборуваше за тоа како УНЕСКо се справува со спречувањето на насилниот екстремизам, а потоа следуваа работилници на тема Идентификување на јазикот на омраза и спречување на говорот на омраза со психологот Ивана Маринчек.
Вториот ден на работилницата инженерот за кибер безбедност Тони Наковски зборуваше за заштита на лични податоци и препознавање и спречување на онлајн закани.
Учениците-учесници за цело време на дводневните работилници беа многу конструктивни и активни.
На крајот беа прецизирани наредни проектни активности.

ПРОЕКТ ПРОТИВ УЧИЛИШНОТО НАСИЛСТВО

с1.jpg
На 21.03.2019 год. директорката на училишѕтето Валентина Петреска, психологот Нина Поѓарска и наставничката по информатика Оливера Шиклеска-Грозданова присуствуваа на семинар во рамките на проектот против ученичко насилство “Заштита, подобрување, учество, едукација, информирање” (www.prepei.eu), во организација на НВО Семпер. На семинарот присуствуваа наставници и стручни соработници од основните и средните училишта во Општина Битола и претставници од Советот на општина Битола.
Главна цел на проектот е намалување на ученичкото насилство, подобрување на вештините за справување со ученичко насилство и примена на нови алатки за превенција и подигнување на јавната свест за проблемот со ученичко насилство.
Проектот е финансиран од програмата Еразмус+ на Европската Унија и истиот се реализира во партнерство со невладини организации од Грција, Бугарија, Романија и Шпанија.

Изложба „Математика за мали“

Учениците од второ-3 одд. со наставничките Пена Карапетковкса и Наташа Тодоровска имаа можност да ја посетат изложбата “Математика за мали“ (“Maths for minis”) којa е дел од Еразмус Плус програмата, а експонатите се дел од музејот „Математикум“ од Гисен – Германија. Организатори на настанот се НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола во соработка со НВО „Сумнал“ – Здружение за развој на ромската заедница .
Посетата се оствари на 25.02.2019 год. во просторите на битолската библиотека. За 90 минути околу дваесеттина ученици имаа можност преку изложените експонати самостојно и преку игра да учат математика, да ја развиваат логиката, а притоа и да го засакаат самиот предмет математика. При самата активност наставниците ги модифицираа игрите,организираа натпревар во групи за брзо и точно решавање на танграми,откривање, подредување и групирање на предмети по различни својства и сл.На присутните наставници им следува и меѓународен сертификат за учеството.

This slideshow requires JavaScript.