Донации за децата со посебни потреби

Училишната спортска сала во ОУ „Ѓорѓи Сугрев“ во Битола днеска беше исполнета со радост и среќа на децата со посебни потреби кои секој вторник и четврток овде тренираат спортски активности. Покрај редовниот тренинг под надзор на нивниот тренер, Мико Голубовиќ, инаку кошаркар во КК „Пелистер“, 20 деца денеска добија комплет спортска опрема, спортски реквизити и новогодишни пакетчиња. Донацијата заеднички ја обезбедија Синдикалната подружница на РЕК Битола, наш иселеник од САД и неколку приватни фирми.d.jpg

Advertisements