ЕКВЕТ КОНФЕРЕНЦИЈА – ПРОМОЦИЈА И РАЗМЕНА НА ДОБРИ ПРАКТИКИ ВО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ЕКВЕТ ПОМЕЃУ МАКЕДОНИЈА, ФИНСКА И ДАНСКА

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во петок на 2.11.2018, во „Сити хол” – Скопје, организираше меѓународна конференција за ЕКВЕТ, на тема: Промоција и размена на добри практики во спроведувањето на ЕКВЕТ, помеѓу Македонија, Финска и Данска.На оваа промоција присуствуваа наставничките Даниела Лавуровска, Даниела Ристова, Јасмина Јосифовска и Жаклина Гиновска кои претходно имале искуство во проектот Образование на возрасни.
Конференцијата ја отвори г-ѓа Лидија Димова, директор на НАЕОПМ, која што во воведното обраќање ги истакна можностите коишто ги нуди програмата Еразмус+, особено во областа на образованието и значењето на ЕКВЕТ системот кој овозможува преносливост на квалификациите стекнати за време на мобилностите поддржани од Еразмус+ програмата.
На присутните, исто така, им се обрати и г. Петар Атансов, заменик-министер за образование и наука, којшто ги информираше присутните за активностите коишто Министерството за образование и наука ги презема во насока на подобрување на образовниот систем во Република Македонија и воведувањето на ЕКВЕТ системот, како дел од реформите кои се спроведуваат.
Следно свое обраќање имаше и г-ѓа Софи Беумонт, претставник од Делегацијата на ЕУ во Скопје, којашто даде свој осврт на значењето на образованието со посебен фокус на стручното образование.
Госпоѓа Наташа Јаневска од МОН, имаше сеопфатна презентација на Националната рамка на квалификации, која претставува инструмент за осигурување на квалитет во процесот на дизајнирање на процедури, стандарди и процеси за стекнување на квалификации. По што г-ѓа Маја Крстевска од Центарот за образование на возрасни детално ги презентираше законските основи, постапката и потребната документација за верификација на програми, за образование на возрасни.
За практичната примена на ЕКВЕТ системот, присутните имаа можност да слушнат од г. Сорен Кристенсен, ЕКВЕТ експерт од Данска, г-ѓа Маарит Сааренкла, ЕКВЕТ експерт од Финска и г-ѓа Ангелина Танева Вешоска од Институтот за истражување во животна средина, градежништво и енергетика.
Господин Сорен Кристенсен зборуваше за начинот и нивото на имплементација на ЕКВЕТ системот во Данска, при што истакна дека истиот во целост се применува за транснационалните мобилности, додека во националниот систем на образовение, неговата примена е сè уште делумна. Тоа што беше интересно е дека системот на стручно образование во Данска, пред сè е базиран на стручна обука на работно место.
Со оглед на претходната пракса која ја имаше нашето училиште во поглед на образование за возрасни Министерството за образование,Центарот за образование на возрасни и нашето училиште ќе бидат идни партнери во креирање на политиката за сеопфатност во редовниот образовен процес на национално ниво.Ова уште едно позитивно искуство и отворена поддршка за нашето училиште кои има неминовна потреба од спроведување на овие промени.

Advertisements