ПРОЕКТ МИО

This slideshow requires JavaScript.

 

mio1

ВОВЕДНИ АКТИВНОСТИ НА УЧИЛИШНИОТ  ТИМ ЗА УЧИЛИШНА ИНТЕГРАЦИЈА  ОД ОУ „ЃОРЃИ СУГАРЕВ“

Училишниот тим за училишна интеграција во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција ја спроведе обуката за дисеминација со наставниците од одделенска и предметна настава и со наставниците од посебните паралелки. Обуката се реализира во временски период од четири дена.

Обучувачите во текот на реализацијата на активностите , на наставниците им даваа конкретни насоки за да се обезбеди меѓуетничка интеграција во образованието. Ефектите ќе бидат поголеми доколку се спроведуваат заеднички активности со етнички/јазично мешани групи ученици. За да може да се реализираат заеднички активности, едно училиште со настава на еден јазик може да формира партнерство со друго училиште со настава на друг јазик или со друго училиште со настава на два/три јазика или со две такви училишта истовремено.

Наставниците во обуката имаа можност да учествуваат во работилници каде можеа да го искажат своето размислување и чувство за другите култури и припадниците на другите етнички заедници. При реализирањето на активностите, имаа можност отворено да разговараат за сличностите и разликите меѓу културите и истовремено да го откриваат присуството на предрасудите.

Во текот на реализирањето на активностите, обучувачите постојано ја нагласуваа клучната улога на наставниците во реализирањето на заедничките активности со етнички мешани групи и дека успешни наставници се оние наставници коишто се трудат да ги разберат мислењата и чувствата на другите.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s