МИО Активности 2015/2016 год.

Во рамките на проектот за меѓуетничка интеграција планираните активности понатаму продолжуваат по предложениот план кој оваа година е концентриран на афирмација на активностите на секциите во училиштето и воннаставни активности.

Секцијата по англиски јазик е активно вклучена во соработка со училишта од Шведска со кои се остварува постојана комуникација преку допишување на писма до другарчиња од Шведска.

1..На 10.3.2016 год се одржа креативна ликовна работилница на која зедоа учество членовите во секцијата по англиски јазик.На истата беше поканета и Марија Розенгер,претставник на хуманитарната организација “ Hand till hand од Шведска која е партнер во зеадничките активности предвидени за оваа учебна година.Темата на креативната работиница беше Мојот град,каде учениците кои зедоа учество,поделени во избалансирани групи по пол и етничка припадност имаа за цел да насликаат омилени места од родниот град Битола.Активноста беше организирана во корелација на предмети англискијазик и од наставничките Даниела Лавуровска,Јасминка Секулова и наставникот по ликовно образование Слободан Христов.

2.Потоа со користење на ИКТ алатки учениците изработија видлив продукт -разгледници како промотивен материјал за училиштето.

3..Активностите од проектот продолжуваат да се одвиваат и по завршувањето на истиот.Учениците покажуваат голем интерес за воннаставни активности на терен кои преку свои трудови ке го промовираат училиштето и меѓуетничкиот соживот кој се негува со генерации.

3.Следна реализирана активност беше посета на археолошкиот локалитет Хераклеа на ден 15.04.2016 год

Каде 25 ученици во избалансирани групи со изготвен прашалник учествуваа во заедничкото истражување  за локалитетот од римски период.Учениците споделуваа претходни знаења со кустосот и правеа забелешки.Видлив продукт од оваа активност ќе биди брошура како дел од ПМИО активностите предвидени за оваа година.Во прилог галерија на слики од активноста.

4.Предпоследната активност-Посета на спомен куќата на Кемал Ататурк се реализира на ден 21.05.2016 каде учениците се запознаа со културата и историјата на турскиот народ кој е неделива еницка заедница во Битола и посебно се негува културното богатство со организирање на бројни туристички посети.Учениците имаа можност да проследат видео презентација за историјата на турскиот великан и основач на турската  држава Кемал Ататурк и притоа имаа чест на три јазици да добијат вистинска слика за минатото на овој великан.Потоа продолжија во разгледување на историската постановка од неолит до современ период изложена во самиот музеј,при што кустосот на музејот имаше свое излагање.Учениците имаа изготвено прашалници според кои ке се информираат за потребните податоци.Одговорни наставници за оваа активност беа Даниела Ристова –наставник по географија и Даниела Лавуровска координатор на проектот.

5.Завршна активност-Посета на детската патека и Инфо центарот Пелистер-на тема Мојот Град-почиста околина

Учениците претходно добија насоки за целта која што треба да се постигне со оваа активност и едукативни задачи што треба да се реализираат.Учениците беа одлично пречекани од тимот во Инфо центарот – презентерот Виолета Сотировска која имаше свое излагање во врска со постановките и истата задача беше во рамките на овој проект.Учениците со огромен интерес следеа и уживаа во презентацијата.Наставничката по географија Даниела Ристова имаше своја презентација за Училиница во природа и ориентација во просторот како и зачувување на околината и грижа за природните богатства.Потоа учениците се упатија на детската патека која води до локалитетот Голема Ливада.Патем имаа можност од паноата поставени да соберат информации за ретките флора и фауна на овие простори.На Голема ливада учениците имаа едукативна работилница-ракување со компас и читање на карти.Потоа учениците се релаксираа со мала закуска и одиграа еден натпревар во фудбал.Задоволството и дружењето ги покажаа преку пораките кои лично ги напишаа и покажаа дека сите сме еднакви и најважно е делка треба да си помагаме едни на други ! Одговорни наставници за оваа активност беа Даниела Ристова – наставник по географија и Даниела Лавуровска- координатор на проектот.

Advertisements