Литературно читање

Посебен впечаток за сите остави филмот Чик кој претставува поучна приказна за младиот човек денес !!! Многу научивме за предизвиците и опасностите околу нас !!!
„Австрија чита, место за средба- библиотека“- Да влеземе во магијата на поезијата !!!
Во рамките на овој најголем австриски фестивал на литературата 2017/18 „Австрија чита, место за средба – библиотека“, Австриската библиотека во Битола на ден 14.10.2017 организирше литературно читање, на кое што беа поканети да учествуваат учениците од О.У. „Ѓорѓи Сугарев“. Почесниот конзул на Република Австрија во Република Македонија д-р Валентина Илиева заедно со учениците прочитаа две приказни од детскиот криминален роман: „Моцарт и атентатот во операта“. Во соработка со наставниците по германски јазик: Ана Савеска и Ирена Миленковска, учениците ги превзедоа улогите на Моцарт, на господинот Шиканедер, неговата ќерка Кати, потоа оперската пеачка Ана Готлиб и нејзиниот брат Амадеус, додека д-р Илиева го читаше наративниот дел и на тој начин, воспоставена е една топла и пријатна книжевна атмосфера. За успешната интерпретација на улогите и активното учество во литературниот настан,почесниот конзул на Република Австрија во Република Македонија д-р Валентина Илиева на учениците учесници им подари пригодни подароци. Од реализираните активности учениците ќе си направат селекција на омилени фотографии кои ќе ги објават на огласната табла за реализирани проектни активности во училиштето.Сето ова ќе претставува албум на дружба,почит и градење на вистинско пријателство,дел од нашето секојдневие,дел од сите нас !!! Продолжуваме да ги комбинираме задоволството и работата кои секогаш носат успех за сите нас !!!

Advertisements