Троген-Швајцарија

Во рамките на проектот Јакнење на мултикултурната соработка со општините,поддржан од европската Фондација Песталоци за учебната 2106/17 год предвидена беше интеркултурна размена на ученици меѓу училиштето ОУ„ Ѓорѓи Сугарев“ и ОУ „Гоце Делчев“-Битола со училиште од Швајцарија од местото Берн и Луцерн.Интеркултурната размена се одвиваше во европското седиште на Песталоци-Троген-Детското село.Кое има традиција веќе 70 години да едуцира млади кадри од областа на интеркултурните вредности и мултикултурализам.Истата беше реализирана во периодот од 23-08.2016-07.09.2016 год во траење од 16 дена.Подготовките на оваа размена се одвиваа две недели во летниот период преку запознавање на учениците и родителите со уловите на истата и преку работилници на спознавање на идентитетот и антидискриминацијата по секоја основа.
Родителите имаа работилници најпрво со учениците од двете училишта кои се партнери на локално ниво веќе пет години.Во проектот зедоа учество 20 ученици од мешан и балансиран состав македонци,албанци и роми.И одговорни супервизори на оваа интеркутурна размена беа Даниела Лавуровска – координатор и супервизор,Загорка Јовчевска-супервизор и Даниела Ристова,наставник по географија-супервизор.Учениците максимално учествуваа во подготовките ито така и супервизорите имаа претходна подготовка од стручниот тим на на ЈМСО.Учениците учествуваа во многу работилници секој работен ден од 9-17часот со една пауза за ручек.
Навиките за одговорност и едукацијата на тема антидискриминација беа одличен избор за кај некои ученици да направат значителна промена во личноста и прифаќање ан единката во општеството.Во рамките на оваа интеркултурна размена предвидени беа три поголеми екскурзии
Посета на градот Цирих,Луцерн и планината Сантис , тромеѓе меѓу државите Австрија,Германија и Швајцарија.Учесниците уживаа во прекрасната природа и добија вистинска слика како треба човек да се грижи за природата бидејќи и самиот претставува дел од неа.По завршувањето на истата,супервизорите и учениците имаа задача да извршат десиминација на работилниците кои беа презентирани преку акциони планови на ученици од матичните училишта . На десиминациите присуствуваа и родители и наставници кои за овој проект покажаа интерес.Истите комплетно се завршени до 8 октомври со предвидениот рок.
После реализираната дисеминација во училиште се одржа родителска средба на која се презентираа сите активности реализирани воТроген и се отвори дискусија си родителите кои изразија голема благодарност за промената што ја чуствуваат кај своите деца и проширувањето на видиците за тоа како треба еден ученик да го разбере мултикултурализмот и прифаќањето на разликите.
Проектот продолжува понатаму подржувајќи ги секциите во училиштето како ученички клубови кои реализираат воннаставни активности во рамките на училиштето и надвор од него.Оваа година продолжува со работа географската секција со претходно предложен годишен план на активности,а во месец декември ќе можат да се вклучат и други училиштни секции кои ќе покажат интерес за проектот и да достават соодветна програма и план за активности.Училиштето се гордее со позитивниот извештај од Европските супервизори, а воедно голема благодарност изразуваме на учениците и родителите кои ја дадоа својата безусловна поддршка и помогнаа во реализација на оваа интеркултурна размена.
ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ – Битола продолжува со понатамошните успеси во рамките на јакнење на мултикултурализмот во опшината и пошироко.

This slideshow requires JavaScript.

Advertisements